Дрвјата се важен дел од природните предели бидејќи спречуваат одрон на земјиштето и овозможуваат постоење на екосистеми кои се заштитени од временските прилики под нивните лисја. Играат важна улога и во производството на кислород, ја намалуваат содржината на јаглерод диоксид во атмосферата и ја регулираат температурата на почвата. Исто така претставуваат важни елементи во пределното уредување и земјоделството, како од естетски, така и од стопански причини (на пр. во овоштарството). Дрвниот материјал има големо значење во градежништвото и како извор на енергија (гориво). Дрвјата фигурираат во митологијата и народните преданија на најразлични култури.
Showing all 3 results