Details
Thuja Smaragd – Туја Смарагд
Доколку сакате ефект на жив ѕид или зимзелена ограда Туја е вистинското решение за вас. Садниците од Туја Смарагд (Thuja Smaragd) може да се одгледуваат во саксии и жардињери, декоративно дрво за украсување на градини во група или поединечно, идеално за зимзелена жива ограда и скрининг.
Во слободен раст во зависност на почвата садницата може да порасне до 5 метри (вистинско дрво), може да се ограничи растот со кроење на врвот од дрвото еднаш годишно.
- Тујата е отпорна на разни климатски услови и ниски температури.
- Карактеристична е по лесното одржување, обликување и кроење.
- Туја Смарагд е аклиматизирана за наше поднебје.
- Уникатна декоративна сорта едноставна за одгледување.
Thuja Smaragd garden – Туја Смарагд градина
Туја Смарагд е од фамилијата на T. occidentalis и е широко користен како украсно дрво, особено за паравани (заштитен појас) и жива ограда, во градини, паркови и гробишта. Постојат над 300 сорти, кои покажуваат големи варијации во бојата, формата и големината, а некои од почестите се ‘Degroot’s Spire’, ‘Ellwangeriana’, ‘Hetz Wintergreen’, ‘Lutea’, ‘Rheingold’, ‘Smaragd’ ( или „Emerald Green“), „Techny“ и „Wareana“. Во Европа се користи и негува уште од 1540 година.
There are no reviews yet.